spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Јавен повик за учество на семинар “Спорт и одржливост - доживотен...

НАЕОП: Јавен повик за учество на семинар “Спорт и одржливост – доживотен пристап“

29.05.2023 – 31.05.2023

Лахти, Финска (Lahti, Finland)

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Финска, објавува јавен повик за учество на 3 учесници на семинарот “Спорт и одржливост – доживотен пристап“

 

Тематскиот фокус на семинарот е одржлив развој во областа на спортот и стручното образование и обука. Организаторот домаќин на овој 3-дневен тематски семинар е Спортскиот институт на Финска, Виерумаки заедно со мрежата на Финските спортски институти.

Спортскиот институт на Финска е центар за стручно образование и обука кој се фокусира на студии за спорт и фитнес во јужниот регион на Финска во близина на градот Лахти. Семинарот ќе се организира на 29-31 мај 2023 година.

Информации: https://vierumaki.fi/en/education

 

Одржливоста ќе се комуницира од различни перспективи на пр. еколошки, социјални, здравствени и културни аспекти во спортскиот сектор. Семинарот има три главни теми поврзани со одржливиот развој како доживотен пристап во спортот и вежбањето: спортско образование на децата, спорт на највисоко ниво како дел од општеството и активен животен стил во зрелоста, особено за активности на отворено.

 

Во врска со темата за спортско образование на децата, одржливоста ќе се комуницира преку  призмата на односот помеѓу природата и децата и нејзиното влијание во подоцнежниот развој и живот.

Во областа на спортот, целта е да се споделат одржливи практики кои ги подобруваат социјалните средини, културната разновидност и еднаквоста во спортот. Во темата за активен животен стил во зрелоста, целта е да се споделат образовни практики кои го подобруваат знаењето на ученикот за одржливост на животната средина и најновите иновации во однос на одржливите активности на отворено.

Темите за кои ќе се дискутира за време на семинарот, исто така, вклучуваат зелено патување, одржливи наставни методи и интернационализација.

Дополнителна цел на семинарот е да се создаде европска мрежа за стручно образование на едукатори и експерти од областа на спортот и вежбањето.

 

Очекуваните резултати се:

– зголемување на (потенцијалното) влијание на Еразмус проектите во однос на практиките за одржливост,

– развој на стратегија за да се допре до корисниците и да се поттикнат да се вклучат во одржливоста,

– дискусија помеѓу корисниците за да им се помогне да развијат сопствен пристап кон зелените иницијативи,

– пренесување на придобивките од работењето на одржливост и на европско и на национално ниво до заедницата на Еразмус+,

– известување за значењето и итноста да се делува на климатските промени во сите делови на општеството

– создавање на заедничко разбирање за водечките принципи во одржливоста. (емисии, производи од храна, помалку употреба на ресурси, помалку отпад, повеќе локални производи, репродуцирачки култури, помалку пластика, помала употреба на пестициди..).

 

Целна група на семинарот се:

Наставници, експерти, тренери, воспитувачи, менаџери за образование програми кои работат во стручното образование од областа на спортот и вежбањето, центри со високи перформанси кои обезбедуваат стручно образование и обука во спортскиот сектор.

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 29.05.2023 – 31.05.2023

 (29.05.2023 е ден на пристигнување,  31.05.2023 е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)

Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите планирано е да се одржат во Лахти, Финска во периодот 29.05.2023 – 31.05.2023. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.

Крајниот рок за поднесување на апликации е 24.03.2023 година.

 

Линк за аплицирање:  https://salto-et.net/events/show/FI01_0458_THO_2022

 

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат само избраните учесници.

 

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесници на семинарот “Спорт и одржливост – доживотен пристап“ и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте