spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Се интензивираа реализацијата на проектот „Подобрување на водоснабдувањето на Делчево“

МЖСПП: Се интензивираа реализацијата на проектот „Подобрување на водоснабдувањето на Делчево“

УО на проектот „Подобрување на водоснабдувањето на Делчево“ донесе одлука за проширување на проектот со нови 1.5 милиони швајцарски франци за изградба на нов резервоар на месноста Чука во Делчево, изградба на други објекти и корпоративен развој на ЈКП „Брегалница“, но и за партиципативно учество на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Општина Делчево за изградба на нов водоснабдителен систем во с. Вирче. Оваа Одлука ќе биде доставена на одобрување од СЕКО- БЕРН, Швајцарија.

На завчерашната Седница на Управниот одбор на Проектот, на која присуствуваше и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, се дискутираше и за текот на реализацијата на проектот, а договорени се и активности за забрзување на реализацијата и завршување на активностите до крајот на јули годинава. Во рамки на посетата, министерката Шукова и градоначалникот Горан Трајковски, заедно со претставници на Проектот направија посета на терен и увид во изградбата на пречистителната станица за вода за пиење.Sredba_Minister_Sukova_Gradonacalnik_Delcevo_1

Градоначалникот Трајковски изразувајќи благодарност до Швајцарската Влада и Министерството за животна средина и просторно планирање за поддршката на Проектот истакна дека реализацијата на проектот се одвива со задоволителна динамика и е во напредна фаза.

-Деновиве е воведен во работа и изведувачот на работите за фотоволтаичната централа која ќе биде со номинален капацитет од 250 кw- пик со кој се предвидува делумно покривање на потребите за електрична енергија за бунарите и филтер-станицата. Во моментов на објектот на пречистителната станица се монтира металната конструкција и филтрите за прочистување на водата. Завршена е реконструкцијата на прекидната комора и реконструкцијата на пумпната станица во Делчево, додека изградбата на водоводните системи во селата Ѕвегор и Габрово е во тек и се прават напори за интензивирање и завршување на активностите, рече Трајковски.Sredba_Minister_Sukova_Gradonacalnik_Delcevo_2

Министерката Шукова посочи дека Министерството за животна средина и просторно планирање покрај финансирање на тековните проекти за изградбата на водоводните системи во селата Ѕвегор и Габрово, дополнително ќе ја поддржи Општината за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во с. Вирче, за што ќе се проектираат средства во наредниот Буџет.Sredba_Minister_Sukova_Gradonacalnik_Delcevo_3

-Она што сакам да го истакнам е дека Општина Делчево е општина што во преземните активности ја има вградено зелената компонента што е наша стартешка определба, има визија во проектите да применува најдобродостапни технологии и да се ориентира кон користење на обновливи извори на енергија. Таков пример е токму оваа станица за прочистување на водата што користејќи ја сончевата енергија во голем дел ќе ги покрие потребите за електрична енергија за бунарите и филтер-станицата, посочи Шукова.Sredba_Minister_Sukova_Gradonacalnik_Delcevo_4

Инаку, Проектот е вреден 7,3 милиони швајцарски франци. Од нив 6 милиони швајцарски франци се донација од Швајцарската Конфедерација, 1, 3 милиони швајцарски франци е инвестиција од Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а 30.000 швајцарски франци е учество на Општина Делчево.Sredba_Minister_Sukova_Gradonacalnik_Delcevo_5

Министерката Шукова ја посети и фирмата „Брегал“, една од најбрзорастечките фирми во Делчево, каде неодамна се инсталирани фотоволтаични панели со моќност од 10 кв.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте