spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Бочварски - Ја забрзување изградбата на пругата кон Бугарија

МТВ: Бочварски – Ја забрзување изградбата на пругата кон Бугарија

Влезени сме во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната и железничката инфраструктура, гасоводната мрежа и други крупни капитални проекти се со цел да обезбедиме квалитетна и модерна инфраструктура во нашата држава, истакна министерот, Благој Бочварски при увид во изградба на железничката пруга кон Бугарија.

Министерот заедно со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец извршија увид на првата фаза од железничкото поврзување кон Бугарија, на делницата Куманово-Бељаковце.

 

Проектот опфаќа изградба и рехабилитација на пруга во должина од 30,8 километри, во прва фаза и 34 километри во втора фаза, со вкупна инвестициона вредност од над 200 милиони евра.

 

„Регионалното поврзување и задржување на нашата стратешка позиција на Балканот е наш врвен приоритет и затоа силен фокус ставаме на Коридорите 8 и 10, како во патната, така и во железничката инфраструктура. Денеска на терен се сретнавме и со претставници од изведувачот и надзорот и можам да кажам дека сум задоволен од динамиката на градежните работи. Изградбата на оваа железничка пруга до Република Бугарија, чија вкупна инвестиција за сите три делници изнесува над 600 милиони евра претставува сериозен чекор во развојот на регионалната железничка мрежа.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Директорот на ЈП ЖРСМ, Локвенец, истакна дека проектот ќе заврши во предвидениот рок.

 

„Го потврдуваме квалитетот и посветеноста на реализацијата на овој исклучително важен инфраструктурен проект, пругата кон Бугарија. Ги спроведуваме направените планови, потврдуваме дека сме посветени кон брза и квалитетна реализација на капитални инвестиции во делот на железницата. Со оглед на динамиката на градежните активности на терен за кои и денеска се уверивме, целиот проект ќе го завршиме во рамките на предвидениот рок од договорот.“ – изјави директорот на ЈП ЖРСМ, Хари Локвенец.

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Илинден: Поддршка на традиционалните културни вредности

0
Општина Илинден со своите активности континуирано спроведува активности кои се насочени кон зачувување и промовирање на традиционалните македонски музички културни вредности. За таа цел градоначалникот...