spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Разгледани можности за поинтензивна соработка во приоритените активности во животната средина...

МЖСПП: Разгледани можности за поинтензивна соработка во приоритените активности во животната средина и проектите за енергетска независност и декарбонизација

Францускиот амбасадор Н.Е. Сирил Бомгартнер вчера беше во протоколарна посета на новоименувата министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, на која и посака добредојде на новата функција и успех во извршувањето на обрските и справувањето со предизвиците во животната средина. Амбасадорот Бомгартнер ги потврди заложбите на Франција за континуирна поддршка на нашата држава во делот на животна средина и клима, а се разговараше и за отворените можности за продлабочување на идната соработка.

На самиот почеток на средбата, министерката Шукова ги претстави најитните приоритети во животната средина. „Пред се интензивно ќе работиме на воспоставувањето на регионалните системи за управување со отпад во сите региони во државата“, истакна Шукова и го избрифира амбасадорот за моменталниот статус на активностите во оваа област, начините на кои во наредниот период планира да ги спроведува и координира и најави поинтензивно вклучување на Центрите за регионален развој во целиот процес.Sredba_Sukova_francuski Ambasador_Bomgartner_2

Беше разговарано и за иницијативата за воспоставување на комунална полиција, како важна карика што недостасува за успешно воспоставување на системите за управување со отпад.

Н.Е. Бомгартнер спомена неколку можни области за реафирмирање и развивање на билатерлана соработка и поддршка од страна на Франција. Во делот на користењето на обновливи извори на енергија го спомена проектот за изградба на фотоволтаични централи во Штип и Свети Николе каде ќе се користи иновативна технологија која ќе обезбеди и локален економски развој и примена во агроенергетиката, а ќе даде голем придонес во енергетската независност и декарбонизацијата во процесот на спроведување на зелена агенда во државата. Ова, според амбасадорот, е една од најголемите, ако не и најголема француска инвестиција во нашата држава. Беше спомената и отворената можност за воспоставување на кредитна линија за финансирање пред се на компаниите и на локалните самуправи, што би се реализирала преку Француска агенција за развој и Развојна банка на Северна Македонија.Sredba_Sukova_francuski Ambasador_Bomgartner_1

Споменат беше и големиот проект на Француската развојна агенција за енергетска ефикасност на згради во кој се опфатени 17 држави во светот, меѓу кои и Северна Македонија, можноста за користење на техничката помош за културно наследство и техничката помош за цивилно население пожари, почви и сл. Дополнително беше потврдено дека Француската влада обезбеди технички експерт на Министерството за поддршка и размена на искуства.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте