Во рамки на заложбите за зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност, Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска имаше работен состанок со експерти за сајбер безбедност, организирани преку МАСИТ.
На состанокот се разговараше за можностите за соработка меѓу институциите и приватниот сектор, преку формирање на заеднички работни групи и интензивни активности поврзани со информациско комуникациските технологии, сајбер безбедноста и подигнувањето на отпорноста од сајбер напади.
Министерот Алиу истакна дека МИОА е секогаш отворено за соработка и преку конкретни чекори што ќе се преземат ќе се постигне понатамошно развивање на капацитетите во насока на создавање на безбеден сајбер простор и инфраструктура.
Учесниците ја поздравија оваа иницијатива и изразија подготвеност за отпочнување на плодна соработка, ставајќи ја на располагање својата професионалност и стручност во своите области.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација