Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити оствари работна средба со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, во чиј фокус беше унапредување на досегашната соработка на поле на здравството и можностите за нејзино продлабочување.
Тој истовремено се заблагодари за поддршката на македонскиот здравствен систем за време на КОВИД пандемијата со над 1,45 милиони евра, што е исклучително значајна помош во време на пандемија и светска економска криза.
Извор: Министерство за здравство