Работната група за имплементација на ЦАФ2020 формирана во рамки на ДКСК, со експертска поддршка на РеСПА и КДЗ Австрија, на 09.03.2023 и 10.03.2023 година, во Клуб на органите на државната управа, одржаа дводневна ЦАФ Консензус работилница.
На работилницата се разгледаа детектираните силни страни, слаби страни и предложените активности за подобрување од страна на работната група, во ЦАФ прашалникот. Придонесите на работната група беа дискутирани и разгледани со што се постигна заеднички консензус по однос на текстот. По ЦАФ консензус работилницата ќе се финализира Извештајот за имплементација на ЦАФ, а потоа истиот ќе биде презентиран пред раководството на ДКСК.
Крајот на април 2023 година се очекува да се одржи еднодневна работилница на која ќе се изврши приоретизација на предложените мерки со рок на имплементација.