По покана на збратимената општина Травник (БиХ) која вчера (21.03.2023) го одбележа својот роденден, тричлена делегација од Општина Карпош составена од претставници од општинската администрација и членот на Советот, Славко Митевски, присуствуваше на неколкудневна посета во оваа босанска локална самоуправа.
По тој повод, домаќините ја организираа традиционалната манифестација „Денови на општина Травник“, составена од бројни активности збогатени со културно – уметнички, забавни и спортски содржини. Програмските активности се одвиваа во периодот од 7 – 21 март на целата територија на општина Травник, со бројно учество на локалното население, здруженија на граѓани, невладини организации, спортски клубови, економски субјекти и членови на јавни установи.
Во име на добрата соработка и високоразвиените пријателските релации, претставниците од Општина Карпош и врачија пригоден подарок – уметничка слика на Секретарот на Општина Травник, Аида Даул. Во рамки на свечената академија на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Травник, Кенан Даутовиќ, уште еднаш беше истакната потребата од интензивна соработка и размена на позитивни искуства меѓу збратимените општини во регионот.
Извор: Општина Карпош