spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Поддршка од ЕИБ за јавниот и приватниот сектор, се очекуваат нови...

МФ: Поддршка од ЕИБ за јавниот и приватниот сектор, се очекуваат нови 100 милиони евра поволни кредити

Европската инвестициска банка во земјава има финансирано проекти во износ од 1,16 милијарди евра. Станува збор за проекти во јавниот сектор коишто се од клучно значење за РС Македонија, но значајна е и поддршката во приватниот сектор, а таквата поддршка се очекува да продолжи и во иднина.  Ова беше констатирано на средбата на министерот за финансии, Фатмир Бесими со заменик-претседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова.

„Владата на РС Македонија е посветена на постигнување забрзан економски раст, подобрување на инфраструктурата, заштита на животната средина, како и енергетска транзиција и производство на чиста зелена енергија. Тоа се областите во кои е клучна поддршката од нашите партнери, Европската инвестициска банка, којашто досега има пласирано 635 милиони евра евтини кредити кон малите и средни компании, за поддршка на инвестиции и обртни средства,  277 милиони евра за проекти во секторот транспорт за подобрување на безбедноста на патиштата и скратување на времето на патување,  178 милиони евра во водоводната инфраструктура, за подобар пристап до вода за пиење и санитарни услуги на граѓаните, како и 64 милиони евра во енергетски проекти“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека ЕИБ во моментов учествува со 230 милиони евра за имплементација на проекти во јавниот сектор, во кои е вклучено и денешното потпишување на Договорот за проектот за пречистителна станица Скопје.

Министерот нагласи дека поддршката за малите и средни претпријатија што ја има дадено ЕИБ е значителна и многу значајна и дека таквата поддршка ќе продолжи и во иднина. Од ЕИБ се очекува нова транша од 100 милиони евра евтини кредити за малите и средни претпријатија, како и за зелена транзиција.

Меѓу проектите во кои ЕИБ учествува во финансиската конструкција и коишто се реализираат во земјава се изградбата на интерконекторот со Грција, изградбата на железничкиот Коридор 8, делница Крива Паланка – граница со Бугарија, потоа проектот за општинска водна инфраструктура, а интерес има изразено и за реализација на проектот за изградба на западниот дел од железничкиот Коридор 8, делница Кичево – граница со Албанија.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте