spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Капиталните инвестиции главен приоритет на Владата, ЕБОР со клучна финансиска поддршка...

МФ: Капиталните инвестиции главен приоритет на Владата, ЕБОР со клучна финансиска поддршка во проекти од јавниот сектор

Реализацијата на капиталните проекти е поставено високо на агендата на Владата. Во моментов се работи на проекти за модернизација на патната инфраструктура, на железничко поврзување со Бугарија и Албанија, изградба на комунална инфраструктура, заштита на животната средина, како и на проекти од областа на енергетиката. Активностите што се преземаат во однос на реализација на проектите,  финансиски поддржани од Европската банка за обнова и развој беа тема на средбата на министерот за финансии, Фатмир Бесими со директорката на Европската банка за обнова и развој  – ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Шарлот Руе и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во РС Македонија, Анди Аранитаси.

„Владата е силно посветена на унапредување на условите за живот на граѓаните и бизнис окружувањето. Капиталните инвестиции се еден од клучните приоритети во владината програма. Се менува структурата на расходите во Буџетот со акцент на капиталните инвестиции. Во последните две години Буџетот се подготвува според златното правило, односно капиталните инвестиции се на повисоко ниво од буџетскиот дефицит. Годинава се планирани 800 милиони евра за капитални инвестиции. Средствата ќе бидат наменети за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и во железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Тој посочи на мерките што се преземаат за поефикасна и поефективна реализација на капиталните расходи, меѓу кои воспоставениот механизам КАПЕФ, воведувањето нова организациска единица во рамките на МФ за оценка на инвестициите – ПИМА, потоа нов Управен комитет на ниво на Влада којшто ќе го утврдува приоритетот на проектите за финансирање и сл.

На средбата министерот потенцира дека значајна и клучна е поддршката од меѓународните финансиски институции при реализацијата на овие проекти. Воедно спомена дека ЕБОР е финансиска институција со портфолио од околу 900 милиони евра во тековни проекти во јавниот сектор, а досега има одобрено 171 проект во вкупна вредност од 1,5 милијарди евра, од кои 86% се во јавниот сектор.

Меѓу приоритетните проекти, зад чија реализација стои Европската банка за обнова и развој, се железничкиот дел од Коридорот 8 кон Бугарија, патниот правец Крива Паланка – граница со Бугарија, патниот правец Кичево – Букојчани, автопатската делница Скопје – Блаце, граница со Косово, а Банката има изразено интерес и за вклучување во финансирањето на проектот за изградба на западниот дел од железничкиот Коридор 8, делницата Кичево – Струга. Значителна поддршка има и во реализацијата на проектот за изградба на Интерконекторот со Грција, потоа за изградба на гасоводните делници Свети Николе – Велес и Гостивар – Кичево, проектот за управување со цврст отпад, како и учество во проектот за Пречистителна станица Скопје, за што денеска се потпишува Договор за 70 милиони евра грант од ЕУ, а учеството на ЕБОР во реализацијата на овој проект изнесува 58 милиони евра.

На средбата беше истакнато дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина на проекти коишто ќе имаат придонес во развојот на земјата и во подобрување на условите за живот на граѓаните.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...