spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината!“

МФ: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината!“

Финансиските регулатори во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, единаесетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите, што оваа година ќе се одржи од 20 до 26 март 2023 година.

Годинaшната тема „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“ (Plan your money, plant your future) е посветена на одржливоста и подигнувањето на свеста од последиците на индивидуалното финансиско однесување не само врз финансиската иднина, туку и врз животната средина и општеството. Учесниците на Глобалната недела на парите можат да земат учество во активности на оваа тема, преку кои ќе се нагласи важноста на финансиските одлуки за социјалната, економската и финансиската одржливост. Самата тема ги поттикнува младите луѓе да гледаат долгорочно при носењето на нивните финансиски одлуки и да го имаат предвид влијанието врз животната средина и општеството.

Годинава активностите во рамки на Глобалната недела на парите главно ќе се одвиваат преку предавања и објавување едукативни материјали на интернет-страниците на институциите и социјалните мрежи. Предавањата ќе бидат наменети за учениците од основните и средните училишта од земјава, како и за студентите, на теми од областите што ги покриваат одделните институции, поврзани со функционирањето на финансискиот систем.

Министерството за финансии и оваа година ќе се приклучи кон одбележувањето на Глобалната недела на парите преку одржување едукативни предавања на студенти на факултетите при универзитетите во земјава.

На  светско ниво, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата, во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД). Оваа глобална иницијатива, што досега се одбележува во повеќе од 176 земји во светот, во која се опфатени 53 милиони деца и млади, ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и ги зголемува нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемништвото. Секоја година младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат финансиските и образовните институции.

 

Повеќе информации за Глобалната недела на парите на следната врска: globalmoneyweek.org.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МТ: Николовски – Нема да дозволиме ПОШТА да колабира поради приватни...

0
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот...