spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМЗ: Заедничка иницијатива за унапредување на соработката

МЗ: Заедничка иницијатива за унапредување на соработката

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити оствари официјална средба со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје.

На средбата се дискутираше за заедничките приоритети од областа на здравството и за активностите кои ќе се спроведуваат во претстојниот период, меѓу кои и иницијативата за зајакнување на капацитетите на Министерството за здравство во целина.

Оваа иницијатива ќе опфати:- Воспоставување механизми за редовно следење и оценување на перформансите на здравствениот систем, со цел да се преземат дополнителни активности во областите каде што е потребно-Подобрување на функционирањето на работните групи во рамките на Министерството, со цел да се унапреди соработката и координацијата и- Зајакнување на механизмите за управување и отчетност на Министерството, со цел да се забрза напредокот кон универзална здравствена покриеност.

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...