HomeМинистерстваМЗ: Светски ден на лицата со Даунов синдром, што треба да знаете

МЗ: Светски ден на лицата со Даунов синдром, што треба да знаете

spot_img
spot_img

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром традиционално се одбележува на 21 март. Годинава под мотото „Со нас – не за нас“ овој ден е фокусиран на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста – право да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор.

Децата со Даунов синдром треба да имаат редовни контроли кај нивниот педијатар или семеен лекар, бидејќи овие лица имаат поголема веројатност да развијат одредени заболувања од општата популација.  Носете ги на редовни контроли за слух, вид и општото здравје. Охрабрете ги да бидат физички поактивни.

За овие лица се препорачува да посетуваат:• логопед – за помош при зборување;• физиотерапевт – за помош при одење, доколку имаат намален мускулен тонус;• оптометрист и/или специјалист за слух – за помош со видот и слухот;Разговарајте со вашиот семеен лекар или педијатар за да дознаете како вашето дете може да ги добие овие услуги.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија