spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Се работи на воспоставување систем за раст на платите на вработените...

МФ: Се работи на воспоставување систем за раст на платите на вработените во јавниот сектор, минималната плата има раст од 12,55%

Одржлива и долгорочна методологија заснована на објективно дефинирани критериуми е решението што го бараме за платите на вработените во целиот јавен сектор. Веќе се работи на Законот за плати во јавниот сектор, којшто е објавен на ЕНЕР и е на јавна расправа. Решението за прашањето со платите ќе го бараме заедно со партнерите во Економско-социјалниот совет, синдикатите и работодавците.

Во моментов се работи на изнаоѓање одржливо системско решение што ќе се однесува на целиот јавен сектор, по примерот со минималната плата и пензиите. Со Законот за административни службеници се воведе методологија со која минималната плата е внесена како основна компонента во платата на вработените во државната администрација. Врз основа на тоа, платите на сите вработените во државната администрација се зголемуваат во согласност со утврдените критериуми за раст на минималната плата. Тоа се однесува на вработените опфатени со овој закон, додека кај другите растот на платите е регулиран со колективни договори.

Станува збор за системско решение за платите на вработените во јавниот сектор, врз основа на утврдени критериуми, коишто одговараат објективно на состојбите. Такво решение беше постигнато за растот на минималната плата и на пензиите. Согласно ова решение, во иднина, секоја година во март, врз основа на дефинираните критериуми, растот на трошоците на живот и растот на просечната плата, ќе се утврдува растот на минималната плата. Тоа е воспоставен систем, инкорпориран во Законот и истиот ќе се имплементира во практика.

Така, со воведеното системско решение од овој месец минималната плата има раст за 2.175 денари или 12,55% во однос на март минатата година. Раст има и просечната плата на вработените во државата, којашто достигна  34 илјади денари и има раст над 13%. Податоците објавени од Државниот завод за статистика  регистрираат раст на просечната нето-плата во скоро сите дејности. Во преработувачката индустрија има раст на платите од околу 16%, во градежништвото 20%, трговијата 12%, транспортот 23%, информации и комуникации 17%, финансиски дејности и осигурување 9%, административни и помошни услужни дејности 13%, јавна управа и одбрана 6%, образование 15%, здравство и социјална заштита 5%, уметност, забава и рекреација 13%, а притоа во креативните, уметничките и забавни дејности просечната плата бележи раст од 17,8% и изнесува близу 38 илјади денари, додека во областа библиотеки, архиви, музеи и останати културни дејности просечната плата има раст од 15,5% и изнесува околу 35 илјади денари.

Оваа Влада презема мерки за раст на платите и заштита на стандардот на граѓаните. Минатата година се зголемија платите во основното и средното образование за 15%, во градинките за 15%, во високото образование за 7% (дополително во 2021 година имаше раст од 8%), во културата за 18%, во судството за 15%, во полицијата за 5% и други.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...