HomeВладаНапредокот на земјата е видлив, фокус на реформите и искористување на моментумот...

Напредокот на земјата е видлив, фокус на реформите и искористување на моментумот за забрзување на преговорите со ЕУ

spot_img
spot_img

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Северна Македонија рече дека вратите на ЕУ се отворени, но дека на нас останува да ги завршиме обврските и да испорачаме резултати кои се во интерес на граѓаните и на економскиот развој на државата.

– Имаме добра подготвеност да го продолжиме процесот на преговори со ЕУ. Политичката поддршка и наклонетоста која ја имаме од земјите членки на ЕУ треба да ја искористиме сега и да го задржиме континуитетот на евроинтеграциите, додаде вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ истакна дека Северна Македонија ја спроведува Спогодбата во континуитет и во целост, со што е постигнато значително ниво на хармонизација на националното законодавство со правото на ЕУ.

– Сите тела на ССА се во редовно заседание што се потврдува и со овој состанок денеска. Согласно новата методологија за пристапни преговори телата на ССА – Советот, Комитетот и поткомитетите добиваат посебна тежина и важност бидејќи во рамките на истите ќе се следи динамиката на пристапните преговори со што ќе се прошири опфатот на темите за дискусија, напомена вицепремиерот Маричиќ.

За точката посветена на Економските критериуми, главниот преговарач со ЕУ рече дека ликвидноста и солвентноста на банкарскиот систем е солидна и стабилна.

 

 

 

Извор:  Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија