spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Шукова на средба со амбасадорката на Грција, Филипиду

МЖСПП: Шукова на средба со амбасадорката на Грција, Филипиду

Министерката животна средина и просторно планирање Каја Шукова вчера оствари средба со амбасадорката на Република Грција во Р. С.Македонија, Н.Е. Софија Филипиду.

Во фокусот на разговорот беаактивностите за зачувување и унапредување на регионот на Преспанското езеро, по ратификацијата на трилателарниот „Договор за заштита и одржлив развој на Преспа Паркот“, што го потпишаа Северна Македонија, Грција и Албанија, како и престојниот состанок на клучните органи кои управуваат и го регулираат паркот.

Министерката истакна дека се очекуваат опсежни консултации во однос на прекуграничното управување со Преспа паркот, со цел да се овозможи одржливо управување со природните вредности и да се промовира социо-економски развој за локалното население од трите држави.

Регионот Преспа, како уникатен екосистем, ќе се развива со финансиска поддршка од Европската Унија во вредност од 18 милиони евра обезбедени преку програмата EU4Prespa во рамки на ИПА III Годишната програма.

Се дискутираше и за предизвиците со кои се соочуваат двете држави во врска со функционалноста на хидросистемот на Дојранското Езеро, односно потребата од реконструкција на пречистителната станица, како еден од поважните заеднички проекти меѓу  Северна Македонија и Грција во делот на заштитата на животната средина.

На средбата стана збор и за заложбата на двете држави во заштитата и управување со водните ресурси во поширокиот слив на реката Дрим, за визијата за одржливо управување со басенот и за чекорите што се предвидуваат за во иднина.

Шукова и Филипиду се согласија дека е потребно институцијализирање на соработката, активна комуникација и координирана акција , со цел успешно реализирање на заедничките проекти од областа управување со животната средина, кои се од стратешко значење и заеднички приоритет на двете држави.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...