На состанокот се разговараше за соработката меѓу Министерството за правда и Државната комисија за спречување на корупцијата како и активностите кои се преземаат во делот на реализација на мерките и активностите во борбата против корупцијата како и за потребата од зајакнување на механизмите за спречување и намалување на корупцијата.Констатирана беше неопходноста од воведување на законски и контролни механизми за надзор и утврдување на одговорност кај релевантните чинители особено во рамки на правосудството.
МП: Министерот Лога оствари средба со претседателката на ДКСК Ивановска и заменик претседателката Николовска
На состанокот беа разменети ставови и по однос на зајакнување на улогата и проширување на надлежностите на ДКСК и потребите за зајакнување на финансиската независност и состојбата со човечките ресурси на комисијата.
Министерот Лога потенцираше дека во претстојниот период ќе се разгледаат можностите за воведување на законски обврски за доставување на анкетни листови на повеќе категории кои не се опфатени со постоечката законска легислатива.
Извор: Министерство за правда
Прочитајте
МП: Промовиран првиот водич за обезбедување на бесплатна правна помош во...
Министерот за правда Игор Филков присуствуваше на промоцијата на водичот за обезбедување на бесплатна правна помош во постапките за азил во нашата држава.
„Горд сум...