spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаГрковска: Со британска поддршка воспоставуваме систем кој ќе ја мери успешноста на...

Грковска: Со британска поддршка воспоставуваме систем кој ќе ја мери успешноста на институциите во имплементирањето на владините политики

„Функционални и ефикасни институции се предуслов за здраво и просперитетно општество. Тоа ќе се постигне само доколку изградиме мерлив систем, но и соодветни индикатори на успешност, преку кои ќе ги мериме резултатите од политиките што ги спроведуваат владините институции“, нагласи заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната промоција на проектот „Преосмислување на управувањето“, кој кабинетот на вицепремиерката Грковска и Генералниот секретаријат на Владата, ќе го реализира во соработка со Центарот за управување со промени.

На денешната промоција присуствуваше и амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон, под чие покровителство се реализира овој проект.

„Развој е можен само со постојано подобрување на системот. Тоа се прави преку наоѓање на поефикасни и системски ориентирани начини за решавање на проблемите кои се провлекувале со години, а за кои парцијалните решенија не дале соодветни резултати.  И што е уште поважно, преку градење систем кој е способен постојано да се адаптира на внатрешните и надворешните промени. Систем кој е отпорен и флексибилен“, истакна вицепремиерката Грковска, која ќе ја координира првата компонента на овој проект, што опфаќа редефинирање на националните стандарди за добро владеење и стратешка комуникација на стандардите со сите чинители и со јавноста.

Втората компонента на проектот е во надлежност на Генералниот секретаријат на Владата, а се однесува на редизајнирање на системот на централна координација за да се обезбедат подобри резултати од политиките, но и зајакнати капацитети на администрацијата.

„Преку проектот „Преосмислување на управувањето“ очекуваме да придонесеме кон воспоставувањето на јасна одговорност кај институциите и цврсти механизми за развој на политики засновани на докази. Важно е да дефинираме клучни индикатори за успешност, но и да ги подобриме процесите за внатрешна комуникација, како и воведување на ефективен систем на делегирање на одговорностите. Успешното реализирање на проектот ќе придонесе за остварување на визијата на Генералниот секретаријат на Владата да се трансформира во современ, дигитализиран и транспарентен „Центар на Владата“, нагласи генералниот секретар на Владата, Методија Димовски.

Амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон, ја реафирмираше поддршката што британската Влада и ја дава на нашата држава, особено во делот на унапредување на транспарентноста и ефикасноста на јавната администрација за што ќе се вклучат и британски експерти, кои ќе ги пренесат најдобрите практики од работата во британската администрација.

Извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска нагласи дека денес во услови на економски кризи прашањето е како да направиме „подобро со помалку“ (more for less) и да изградиме систем кој ќе се фокусира на резултати.

„Затоа фокусот на проектот е насочен кон управување со перформанси и ориентација кон резултати, но и градење на капацитет за имплементација, подобра меѓусебна усогласеност и координација во делот на јавните политики“, додаде Малеска Сачмароска.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...