spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Oсмани од Баку - Луѓето сакаат решение за конфликтите, за нив...

МНР: Oсмани од Баку – Луѓето сакаат решение за конфликтите, за нив се работи

Претседавачот со ОБСЕ,  министерот Османи, за време посетата на Азербејџан, ја истакна својата и поддршката од Организацијата за мирно, сеопфатно и одржливо решавање на несогласувањата помеѓу Азербејџан и Ерменија.

На средбата со азербејџанскиот министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов во Баку, изрази поддршка за иницијативите кои го олеснуваат дијалогот и ги смируваат тензиите, вклучително и мерките за градење доверба што водат кон нормализација на односите.

„Стоиме зад секој напор кој обезбедува позитивна динамика за целосно спроведување на претходно договорените мерки и идентификација на нови области за договор. Го охрабрувам континуираниот билатерален ангажман меѓу Азербејџан и Ерменија кон мирот и решавањето на клучните прашања како што се разграничувањето и отворањето на комуникациските линии“, истакна Османи.

Во својство на Претседавач со најголемата светска  безбедносна организација, Османи потенцираше дека Северна Македонија го презела претседавањето со ОБСЕ во тешко време на руската воена агресија против Украина, посочувајќи дека мрачната реалност директно претставува сериозна закана за ОБСЕ, неговите вредности и принципи.

Османи го увери својот домаќин дека ОБСЕ ќе даде поддршка во нивната потрага по одржлив мир ставајќи го на располагање искуството, експертизата и неопходните алатки кои ги поседува Организацијата за ова прашање.

„Тоа го заслужуваат и луѓето во вашата земја и поширокиот регион и ние сме подготвени да продолжиме со нашите напори користејќи ги постоечките механизми на ОБСЕ, како и преку нови идеи и пристапи. Всушност, мотото на нашето претседателство е ‘За луѓето се работи’ и ние се стремиме кон мирно, сеопфатно и одржливо решавање на несогласувањата што ги засегаат Азербејџанците и Ерменците“, порача Османи на средбата со Бајрамов.

Со својот колега од Азербејџан, Османи ги сподели искуствата на Северна Македонија во решавањето на несогласувањата со соседите преку мултилатерални платформи, посочувајќи дека напредок може да се постигне само преку преговори, градење меѓусебна доверба и политичка волја.

„Ние сме подготвени да го споделиме нашето искуство и да ги поддржиме сите страни во враќањето на преговарачката маса, а не на бојното поле. Мојата цел како Претседавач со ОБСЕ е да ја зајакнам и продлабочам соработката, да промовирам мир и стабилност во овие неизвесни времиња“, посочи Османи.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте