spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Координативен состанок

МЖСПП: Координативен состанок

Mинистерката за животна средина и просторно плaнирање Kaja Шукова, заменик министерката Христина Оџаклиеска и директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски, во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржаа консултативен и координативен состанок на кој беше разгледана моменталната состојба и предизвиците со кои се соочува инспекторатот за животна средина во својата работа.

На состанокот се разговараше и за потребата од зголемен и зачестен инспекциски надзор над правните субјекти во надлежност на Државниот инспекторат за животна средина како и за поблиска координација меѓу МЖСПП и ДИЖС во интерес на граѓаните, за превентивно делување при зачувување и унапредување на состојбата со животната средина во нашата држава.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте