spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМакедонска Каменица: Завршен настан за промоција на резултатите од проектот „Дигитализација на...

Македонска Каменица: Завршен настан за промоција на резултатите од проектот „Дигитализација на општинските услуги“

Во ОМЦ „Киро Глигоров“ во Штип се одржа завршниот настан на кој беа промовирани резултатите од проектот за дигитализација на општинските услуги.

На завршниот настан покрај градоначалниците од Источниот регион, беше присутен и постојаниот претставник на УНДП г-динот АрменГригорјан, директорот на Бирото за регионален развој г-дин Рамиз Реџепи, како и останати претставници на локалните самоуправи, канцеларијата на УНДП, Бирото за регионален развој и претставници на медиумите.

Со потпишувањето на Договорот за меѓуопштинска соработка, се заокружии процесот на изработка на дигиталната платформа преку која жителите на Источниот регионќе можат електронски да поднесуваат барања.

„Дигитализација на општинските услуги во Источен плански регион“ е активност која беше аплицирана за финансирање во рамките на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“ во месец август 2021 година, од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој. Главен носител на проектот беше Општина Штип, а партнери останатите 10 општини во состав на Источниот плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион.

Главната цел на проектот е да се овозможи преминување во вториот чекор во дигитализацијата на општинското работење со олеснување на пристапот до општинските услуги за приближно 160.000 граѓани и бизниси, преку дигитализација на дел од општинските услуги кои што се најбарани и најкористени во сите 11 општини од Источниот плански регион.

Проектот дава придонес во зголемување на транспарентноста на општините од регионот, намалување на времето на прием и обработка на барањата од граѓаните, намалување на времето за поднесување на барања за издавање на решенија/одобренија по најразлични основи, зголемено задоволство на граѓаните од општинските услуги, подобрување на комуникацијата со НВО, граѓани и бизнис сектор, а пред сѐ придонесува за зголемување на дигиталната писменост на населението во регионот.

Преку новата платформа, граѓаните (физички и правни лица) освен што ќе можат електронски да генерираат барања за околу дваесетина општински услуги, да плаќаат електронски за предвидените административни такси и другите надоместоци, ќе можат и да го следат статусот на барањата и да бидат информирани кога нивните барања ќе бидат завршени или доколку во постапката нешто недостасува и треба да приложат дополнителни документи.

Трошоците за одржување и хостинг на платформата се на товар на проектот заклучно со септември 2024 година. По завршувањето на поддршката од страна на УНДП и Бирото за регионален развој, општините самостојно ќе ги покриваат трошоците за платформата.

Платформата може да се користи со најава на eservices.eastregion.mk.

 

 

Погледнете: ??

 

 

 

Извор: Општина Македонска Каменица 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...