Почитувани млади потенцијални идни учесници на младински проекти,
Оваа поддршка пред се подразбира целосно покривање на трошоците за:
- Патување (паушална сума која се одредува според https://erasmus-plus.ec.europa.eu/resources-and-tools/distance-calculator )
- Сместување (за времетраење на младинската активност)
- Обезбедување на оброци и кафе паузи за време на младинската активност
- Трошоци за виза или вакцина (доколку истото е одобрено со проектот ) .
Националната агенција Ве информира дека се оградува од било какви барања на младинските организации за финансиска уплата во име на т.н котизација за учество или селекција на учесници на младински проекти преку програмата Еразмус+.