spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Со изградбата на коридорите 8 и 10-д ќе се овозможи забрзување...

МИОА: Со изградбата на коридорите 8 и 10-д ќе се овозможи забрзување и на дигиталната трансформација на општеството

Со изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10 д, Северна Македонија добива европски, модерни автопати, со коишто државата ќе стане уште позначајна регионална и меѓународна транспортна рута.

Ова е историски инфраструктурен проект, со кој исполнуваме една голема стратешка определба, од што пред се бенефит ќе имаат граѓаните, компаниите, но и целокупната економија.

Со изградбата на коридорите, од страна на државата ќе се создадат услови за побрзо и поевтино  поставување на оптички кабли по целата нивна должина. Ова ќе значи дека поставените оптички кабли ќе може да се искористат, како од аспект на дигитална трансформација на општеството, така и за усогласување со ЕУ таргетите за покривање со 5Г сигнал на патните коридори. Со кабелот ќе се овозможи поврзување на јавните институции.
Оптичкиот кабел  кој што содржи оптички влакна, државата, согласно Националниот оперативен бродбенд план 2019-2029, истите ќе ги користи за поврзување на јавните институции, особено на училиштата во руралните средини. Преку дел од слободните оптички влакна, во руралните средини каде што нема нивна инфраструктура (бели зони), телекомуникациските оператори ќе можат да обезбедуваат пристап до ултра-брз интернет за потребите на домаќинствата и приватниот сектор по поволни цени.

Сето ова ќе придонесе за намалување на дигиталниот јаз, кој реално постои помеѓу урбаните и руралните средини во државата, односно граѓаните ќе можат преку пристапот до интернет да ги користат и Владините електронски услуги без потребата до доаѓаат до поголемите градови во државата.
Согласно Националниот оперативен бродбенд план, кој е стратешки документ на државата и кој што е усогласен со ЕУ таргетите за покривање со 5Г сигнал, дел од претходно споменатите слободни оптички влакна ќе може да се даваат на користење на операторите за поставување на 5Г базни станици по целата должина на коридорите. Ова претставува основен чекор за воведување на автономен транспорт, надзор на сообраќај, поголема ефикасност и економски раст итн. во државата.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...