spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Обуката за преведувачи и лектори влезе во третата недела

АПЈ: Обуката за преведувачи и лектори влезе во третата недела

„Правно пишување, обрасци и барања“ и „Правни и уставни аспекти на законот“ се двете теми што ќе се предаваат неделава на обуката за преведувачи и лектори од јавниот сектор организирана од АПЈ, на која предаваат проф. д-р Башким Селмани и проф. д-р Јетон Шасивари.

Изборот на темите и одговорноста да се биде професионален преведувач и лектор говорат доволно за сериозниот пристап на АПЈ кон обуката на преведувачи и лектори во институции од јавниот сектор, при што се имаат предвид проблемите за примена на двојазичноста во секојдневниот живот.

0R0A4896

Координаторот на проектот проф. Шпреса Зеќири Ибрахими, во однос на темите, појасни дека: „Темите се избрани многу внимателно, имајќи ги предвид досегашните обуки, односно таму каде што учесниците покажале најголем интерес, таму ќе се фокусираат и професорите“.

На крајот од шестнеделната обука за преведувачи и лектори, ќе се доделат сертификати, што ќе бидат додадена вредност на нивниот професионален пат.

 

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...