spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Бајдевски се обрати на 11-от Меѓународен натпревар по роботика и вештачка...

МИОА: Бајдевски се обрати на 11-от Меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелигенција ,,RoboMac2023“

Заменикот министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски имаше воведно обраќање на отворањето на Меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција ,,RoboMac2023“, што се одржува по 11-ти пат, во организација на IEEE а домаќин е Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)

Посакувајќи им на студентите продуктивен натпревар и одлични резултати, Бајдевски истакна дека МИОА и Владата ги следат светските процеси и дигитални трендови со цел и нашата држава да биде во чекор со глобалниот процес на дигитализација.

,,Министерството за информатичко општество и администрација презеде активности за реализација на процесите на дигитализација во државава. Под слоганот „Дигитална ера“, Министерството ќе го спроведува процесот на дигитализација, што вклучува суштински реформи, дигитализација и дигитална трансформација на сите нивоа во државата преку обезбедување брзи услуги за граѓаните, но и олеснување и  поедноставување на услугите од страна на институциите кон граѓаните.  Во насока на поголема дигитализација и заштита од сајбер напади, оваа година се предвидува и формирање на Агенција за дигитализација, со која ќе се овозможи дигитализирање на јавната администрација, подобрување на ефективноста, транспарентноста и отчетноста во управувањето и ќе се придонесе кон стабилен економски раст на земјата. Посебен акцент ќе биде ставен и на сајбер безбедноста, што ќе биде еден од столбовите на дигиталната агенција, како и на подобрување на дигиталната инфраструктура за лица со посебни потреби“, истакна Бајдевски.

Според Бајдевски, ваквата агенција ќе може да ги консолидира и кадровските ресурси кои работат на ова поле, но и да стане конкурентна во делот на привлекување ИТ инженери кои се дефицитарни и имаат висока цена на пазарот на труд.

Оваа година, како што рече, ќе биде одбележана со суштински реформи засновани на клучните европски принципи на дигитализација на услугите насочени кон трансформирање на начинот на којшто граѓаните комуницираат со јавната администрација.

Заменикот министер Бајдевски исто така нагласи дека воведувањето на првиот дигитален асистент во јавниот сектор – АДА претставува надоградба на нашите практики за дигитализација во општеството базиран на вештачка интелигенција.

,,Како Влада, која е насочена кон осовременување и следење на светските трендови, во изминатиот период поддржавме, а и ќе продолжиме да поддржуваме поголем број на иновативни иницијативи“, рече Бајдевски.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...