spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи за Мајевица - ОБСЕ обезбеди поддршка за деминирање и враќање...

МНР: Османи за Мајевица – ОБСЕ обезбеди поддршка за деминирање и враќање во нормала на животот на луѓето

Во улога на Претседавач со ОБСЕ, министерот Бујар Османи на Центарот за отстранување на мини на БиХ донираше две специјализирани возила за деминирање, што ќе работат на отстранување на неексплодираните боеви средства од околината на Мајевица, заостанати од војната 1992-1995.
 
Овие специјализирани возила се донација на германската влада и показател дека ОБСЕ обезбедува поддршка, соработувајќи со локалните власти, организациите, погодените заедници и меѓународните партнери.
 
Целосно расчистување на територијата од мини е планирано до 2024 година, а донацијата ќе биде од голема важност за да се заврши процесот, како за околното население, така и за деминерите кои работат на терен.
 
„Постигнувањето на оваа цел е од клучно значење, за луѓето од овој регион да можат да живеат нормално. Со ова испраќаме важна порака дека Мисијата е овде токму ‘за луѓето’, бидејќи тие ја бараат нашата поддршка. Овде не станува збор само за Мајевица, туку испраќаме силна порака за критичната важност и вредноста на мирот“, рече Османи при посетата.
 
Тој додаде дека Мајевица е еден од ретките примери во БиХ каде општините преземаат конкретни чекори кон помирување. Благодарение на поддршката на Мисијата за унапредување на соработката меѓу општините, градоначалниците на пет општини во Мајевица покажаа големо лидерство и се здружија за да работат заеднички за доброто на своите граѓани.
 
„Нивните постапки и вредности совршено се усогласуваат со оние на нашето претседавање со ОБСЕ, а тоа е ‘За луѓето се работи’“, истакна Османи за време на посетата.

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...