spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНова Програма за спроведување на интервентен фонд во земјоделството

Нова Програма за спроведување на интервентен фонд во земјоделството

На вчерашната седница на Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја усвои Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството. Буџетските средства за оваа програма во висина од 317.000.000 денари се предвидени во буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во Потпрограма 21 – Интервентен фонд за земјоделството.

Средствата од оваа програма се наменети за интервентни мерки за финансиска поддршка во земјоделството за ублажување на последици предизвикани од зголемувањето на производните трошоци, за производство на земјоделски култури во растителното и сточарското производство.

По теренските активности на Министерството, прва мерка која што ќе се реализира и е од витално значење за одржување на земјоделството и намалување на загубите е мерката за трошоци за расадени површини со зимска зелка на отворено или за расадена зимска зелка на отворено и продадено до 15 април 2023 година со најмалку 5.000 килограми по хектар.

Земјоделските стопанства кои имаат производство на зимска зелка, ќе се поддржат со 61.000 денари по хектар за секој земјоделец кој ќе ги исполни условите. За таа цел, секој носител на земјоделско стопанство треба да достави барање до 31 мај, за потврдување на податоци за површина за расадена зимска зелка или откупни белешки за предадена зелка кај регистриран откупувач согласно Закон за земјоделство и рурален развој.  Потоа, заклучно со 20 јуни ќе можат да аплицираат за оваа мерка во подрачните единици на министерството.

Планирана е и поддршка за производителите на оранжериско производство, која дополнително ќе се креира во следниов период..
Програмата предвидува во текот на годината да се креираат мерки за финансиска поддршка и во сточарското производство, во оној дел каде што ќе биде потребна интервенција за да се намалат загубите од работењето на земјоделските стопанства.

Со оваа програма обезбедуваме сигурност кај земјоделците, дека во услови на било каква несакана ситуација, предизвикана од надворешни фактори и како последица на војната во Украина, во буџетот ќе има средства за поддршка и намалување на загубите на земјоделските стопанства. Ова го потврдивме минатата година кога за прв пат и единствени во регионот креиравме Интервентен фонд, со што значително го заштитивме домашното производство. Но, не само тоа, туку успеавме и да го зголемиме домашното производство на пченица, сончоглед и јачмен, што е голем успех особено ако се знае дека ваков резултат сме оствариле во услови на криза, нарушен пазар на репроматеријали, високи цени на вештачките ѓубрива и недостиг на прехранбени производи на пазарот.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Поддршка на учениците и менторите за одвоените награди

0
Општина Велес обезбеди финансиска поддршка за ученици и ментори со освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен или олимписки натпревар. Поддршка им...