spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Претставници од Норвешка го пренесоа своето искуство за дигитализација на судството

МП: Претставници од Норвешка го пренесоа своето искуство за дигитализација на судството

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со претставници од Норвешка кои го презенираа моделот на дигитализација во судството како и карактеристиките и перформансите што треба да ги има системот на нашата држава.

 

Целосната дигитализација на судството  ќе овозможи брз и едноставен пристап на граѓаните за добивање документи, обезбедување оптимални услови за вршење на судската и јавнообвинителската функција.

 

Дигитализацијата и интероперабилноста ќе придонесат да се зајакне довербата на јавноста и заштита на системот, побрза правда, намалување на корупцијата, ќе го олесни доставувањето на докази и документи,намалување на трошоците на судските постапки, како и намалување на бројот на одложени судења и нула хартија.

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте