spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Осма седница на Мешовитата меѓувладина македонско-баварската комисија, Република Германија

МНР: Осма седница на Мешовитата меѓувладина македонско-баварската комисија, Република Германија

Во периодот на 25-26 мај 2023 година се одржа осмата седница на мешовитата Македонско-Баварска меѓувладина Комисија во Минхен, покраината Баварија, Сојузна Република Германија. Македонската делегација ја предводеше државниот секретар, Филип Тосевски, додека баварскиот дел го водеше Штефан Шуман, Канцеларија на Владата на покраината Баварија.

Комисијата ја одржа својата осма седница после повеќегодишна пауза како последица на здравствената и безбедносната криза, глобални предизвици кои ги променија меѓународните текови. Комисијата во својот состав вклучува повеќе ресорни  министерства од Северна Македонија односно претставници од министерството за внатрешни работи, животна средина, администрација, земјоделие, финансии, економија, правда, локална самоуправа и за прв пат годинава беа вклучени претставници од Град Скопје, култура и образование.

За време на средбата на делегациите, разговорот помеѓу двајцата ко-претседавачи се фокусираше на европската интеграција на Северна Македонија при што ко-претседавачот Тосевски се осврна на можностите кои ги нуди европското законодавство кое во најголем дел се спроведува на локално ниво, а воедно еден од приоритетите е пренесување на добри европски искуства и практики, know-how и промовирање, односно воспоставување на соработки со региони, градови општини со земји – членки на ЕУ. Изрази задоволство од интензивниот политички дијалог како на федерално, така и на покраинско ниво со посетите на сојузниот претседател Штајнмајер, сојузниот канцелар Шолц и посетата на министерката за Европа и надворешни работи на Баварија, Штефани Хумл на Северна Македонија минатата година. Во март 2023 година ја бележиме посетата на германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок во Скопје. 

Баварија е една од сојузните покраини во која живее и работи трета по големина македонска дијаспора што претставува дополнителна можност за натамошно зближување и развој на соработката меѓу Северна Македонија и Баварија, истакна државниот секретар Тосевски.

Државниот секретар Тосевски информира дека годинава прославуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Германија, идната година ќе навршат 25 години од потпишувањето на Заедничката декларација помеѓу Република Македонија и Баварија потпишана во 1999 година и воедно бележиме повеќе од 40 години значајна соработка помеѓу збратимените градови Скопје – Нирнберг.

 Баварскиот ко-претседавач Шуман ја потврди поддршката од Баварија за европската интеграција на Северна Македонија и изрази задоволство од започнатиот преговарачакиот процес за кој изрази надеж дека во скоро време ќе резултира со полноправно членство во Европската Унија. Истакна дека Баварија и Северна Македонија имаат силна билатерална соработка за што сведочи осмата седница на Комисијата на која беа утврдени повеќе проекти за соработка од повеќе области.

И двете страни изразија особено задоволство од успешната работа на претставниците на ресорните министерства во работни групи и при тоа беа преговарани повеќе проекти преку кои ќе продолжи соработката и чија имплементација ќе биде во фокус на работата на Комисијата која е предвидена да се состане повторно во период од две до три години во Скопје, Северна Македонија.

Успешната седница на осмата по ред мешовита Македонско-Баварска меѓувладина Комисија, беше заокружена со потпишувањето на Заедничкиот Протокол кој ги содржи главните насоки за идната соработка, претставува преглед на преговараните проекти и отворени можности за продлабочување на соработката во сите области со акцент на културата.

На маргините на осмата седница на мешовитата Македонско-Баварска меѓувладина Комисија во Минхен, државниот секретар Филип Тосевски, заедно со  в.р. амбасадор во амбасадата на Северна Македонија во Берлин Васко Грков оствари седба и со Мајкл Хинтердоблер, раководител на Одделот за европски и меѓународни прашања во Баварската покраинска канцеларија, за време на која беше разговарано за напредокот на Северна Македонија на патот на интеграцијата во Европската Унија, потенцијалот за соработка меѓу Северна Македонија и Баварија, како и потенцијалот за уште поблиска бизнис соработка со можност за организирање на бизнис форум.

Дополнително, државниот секретар Филип Тосевски, заедно со в.р. амбасадор во Амбасадата на Северна Македонија во Берлин Васко Грков и секретарот на град Скопје Зоран Глигоров остварија средба и со градоначалничката на Минхен, Верена Диетл во градската куќа на Минхен. За време за средбата беше дискутирано за потенцијалот и модалитетите за воспоставување идна директна соработка помеѓу главните градови Минхен и Скопје во повеќе области за кои двата града ќе се договорат во насока на пренесување на добри европски практики за примена на европски регулативи и решенија на локално ниво, а на 24 мај 2023 делегацијата присуствување и на отворањето на манифестацијата “Балкански денови“, која по 17 пат се организира во Минхен.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Велес: Известување

0
Поради реконструкција на партерното уредување на улица „Андон Шурков“ и реконструкција на паркингот,  се информираат граѓаните кои живеат на тој дел од градот, да...