spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Хусејин - Дигиталниот толкувачки сервис е чекор напред кон еднаквите можности

МТСП: Хусејин – Дигиталниот толкувачки сервис е чекор напред кон еднаквите можности

Заменик министерот на министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за здравство, Фатмир Меџети се обратија на промоцијата на пилот-проект „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви„.

На настанот беше истакната важноста на комуникацијата во секојдневнниот живот на глувите и наглувите лица. Присутните говорници истакнаа дека ваквата алатка како дигиталниот толкувачки сервис е чекор напред кон еднаквите можности.

 

„Ми преставува голема чест и заводолство да сум денеска присутен на покана на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија на промоција на  пилот-проект „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви„ Денешниот настан преставува чекор наред во промоцијата на еднавките можности и права за глувите и наглувите, особено во оваа форма во која денеска ќе имаме прилика да ја видиме “ рече заменик министерот за труд и социјална политика.

Хусесјин на настанот го истакна и активното учество и придонес на Националниот сојуз на глуви и наглуви кон развој на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост  2023-2030, која ги дава патоказите кон градење на инклузивно и еднакво општество.

Тој на крајот од своето обраќање посочи дека дигиталниот толкувач не само што ќе го олесни и забрза начинот на пренос на информациите туку и ќе обезбеди сигурен и точен пренос на информации кои им се потребни на глувите и наглувите лица во секојдневното живеење.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...