spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Се одржа манифестацијата ,,Ден на пченицата 2023”

Илинден: Се одржа манифестацијата ,,Ден на пченицата 2023”

Под покровителство на Општина Илинден и Министерството за земјоделије, шумарство и водостопанство се одржа манифестацијата ,,Ден на пченицата 2023”. Настанот е во организација на компанијата ,,Агроунија” ДООЕЛ Скопје, а во присуство на бројни гости, земјоделски производители, претставници на институции,  се изврши обиколка на опитното поле во Илинден,  на микро, макро и компаративни опити на македонските сорти со најдобрите балкански и европски сорти, а беа споделени информации и за семепроизвотството и за материјалот за селекција.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој пред присутните истакна дека Општина Илинден ги поддржува земјоделците и развојот на земјоделството преку одржување на трибини, бесплатни анализи на почвата на територија на општина Илинден, со цел испитување на квалитетот на земјоделското земјиште и унапредување на земјоделието што претставува и дел од Стратешкиот план за развој на општина Илинден.

Од Агроунија истакнаа дека на опитното поле беше претставена рачна сеидба на претходно одбрани и селектирани класови. Нешто што е сржта и основата на селекционерството, сеидба – рачна, клас по клас, секој во посебен ред-класови, кои се одгледуваат со години за супер елитите на сортите пченица и тритикале во Република Македонија. Исто така присутните имаа можност да видат колекција од страни сорти пченица јачмен и тритикале, споредбено со нашите сорти, како и линии за семе произвотство.

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...