spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Водоснабдувањето редовно и квалитетно

Гевгелија: Водоснабдувањето редовно и квалитетно

Водоснабдувањето во сите населени места во Општина Гевгелија е континурирано, без поголеми прекини, а водата е технички исправна и безбедна за пиење – информираше директорот на ЈПКД „Комуналец“ во Гевгелија, Раско Чочков, на вчерашната седница на Советот на Општина Гевгелија.

Имено, на дневен ред на 27. седница на Советот на Општина Гевгелија, се најде и Информацијата за состојбата со снадбување со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија. За таа цел, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија презема се што е во негова надлежност, ги одржува и сервисира хидротехничката и електро-опремата за водоснабдување и го одржува квалитетот на водата согласно законските прописи, нагласи Чочков.

 

Квалитетот на водата се контролира редовно, водата се третира со натриум хлорид или хлор во гасовита состојба, а Центарот за јавно здравје- Велес, ПЕ Гевгелија, еднаш недело зема и испитува примероци од водата со која се снабдува градот. Додека еднаш месечно се испитуваат примероци од водата за пиење од населените места Негорци, Прдејци, Смоквица, Ново Конско и Миравци, кои се снабдуваат со вода од самостојни водоснабдителни ситеми. Заклучно со месец мај годинава, анализите покажуваат дека водата е технички исправна и безбедна за пиење.
Во извештајниот период, ЈПКД „Комуналец“ има извршено 40 интервенции за одржување на водоводниот систем и редовно снабдување на корисниците, направени се 18 нови приклучувања на водоводната мрежа и е постапено по 150 барања по пријавени проблеми од граѓаните. Истовремено, заементи се 127 стари со нови водомери.

 

Во тек се извдбените работи за реализација на проектот за изградба на нови водоводни линии за поврзување на населените места Негорци и Прдејци со градскиот водовод. Исто така, непречено се одвиваат и изведбените работи за рехабилитација на водоводната линија за граничниот премин „Богородица“ и за населеното место Богородица. Согласно динамиката на изведбените работи, овие активности и реализацијата на проектот треба да завршат до крајот на јули, 2023 година.

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...