spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Меѓуопштинска средба за вмрежување и соработка на локални економско –...

Гостивар: Меѓуопштинска средба за вмрежување и соработка на локални економско – социјални совети

Работна средба за вмрежување на Локалните економско –  социјални совети – ЛЕСС од општините Куманово, Битола, Струга, Тетово, Гостивар, Штип, Ресен, Кавадарци и Свети Николе, се одржа во Општина Куманово, во организација на Младински културен центар – Битола, во соработка со Општината и ЛЕСС Куманово.

Целта на оваа средба е популаризација на работата на ЛЕСС во локалната заедница и создавање на можности за меѓусебно запознавање на членовите на ЛЕСС, поблиску да се запознаат со локалните проблеми на општините и локалниот контекст во кој функционираат.
На средбата беа разменети практики и искуства кои би иницирале можна соработка во иднина, по примерот на еден од најактивните и најуспешните ЛЕСС – Куманово.
Активноста се реализира во рамките на проектот “Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата”, со поддршка на Меѓународниот центар – Олоф Палме од Шведска.
Дел од работниот состанок, беа претседателката на Советот на Општина Куманово и претставници од општинската администрација.

На средбата присуствуваа вработени од Канцеларијата за ЛЕР Азра Нуредини и Елхаме Алиу, како и членови на ЛЕСС од општина Гостивар, при што на пристуните им се обратија претседателот на Локалниот економски социјален совет од Гостивар, г. Тафа Амети и Дашмир Османи.

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

Гази Баба: Поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата и...

0
Изминатиот период пред повеќе општински основни училишта и детски градинки поставивме вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација. Со оваа активност ја зголемуваме безбедноста на граѓаните, а...