spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Со Јапонскиот амбасадор зајакнување на соработката

Битола: Со Јапонскиот амбасадор зајакнување на соработката

Новиот амбасадор на Јапонија во Македонија, Н.Е Казуја Оцука ја посети општина Битола, каде имаше работна средба со градоначалникот, Тони Коњановски.

 

На средбата, градоначалникот Коњановски, го запозна амбасадорот со начинот на делување на локалната самоуправа и насоченоста кон подобрување на инфраструктурните и економските услови во општината. Во овој контекст беше потенцирана потребата за  изградба на пречистителни станици и други проекти кои би можеле да бидат поддржани од GGP програмата за мали грантови на јапонската амбасада.

Исто така, Коњановски нагласи дека, како град во кој посебно се вреднуваат културното наследство и историските вредности, општина Битола, става посебен акцент во организација и поддршка на културни настани, како што е и вечерашниот настан на отворање на двете најголеми светски детски манифестации – 42 издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и 41 Светска детска ликовна изложба „Битола“.

Градоначалникот Коњановски и Амбасадорот Оцука, договорија продолжување на воспоставената соработка, како можност за реализација на проекти кои се од интерес на општина Битола, а можат да се реализираат со поддршка од Јапонската амбасада.

 

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...