spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Изградба на коловоз на улица СРУ 5 во АРМ“

Битола: Изградба на коловоз на улица СРУ 5 во АРМ“

Почнаа работните активности за реализација на проектот „Изградба на коловоз на улица СРУ 5 во АРМ“.

Секретарот на општина Битола, Борче Димитровски, заедно со стручните служби од општинската администрација, извршија увид на теренот и со изведувачот разговараа за динамиката на реализација на проектот. Согласно склучениот договор, улицата ќе биде асфалтирана во должина од 180 метри, а рокот за изведба на работите е 30 работни дена. Минатата година во овој дел, општината инвестираше во изградба на водоводна мрежа.

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...