spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Свеченото затворање на 42 издание на Малиот Битолски Монмартр

Битола: Свеченото затворање на 42 издание на Малиот Битолски Монмартр

Со свеченото доделување на наградите заврши 42 издание на Малиот Битолски Монмартр. Највисоките награди беа доделени на следните учесници:

Најдобро школо на светската детска ликовна колонија е Simply Art  од Хонг Конг-Кина. Наградата е доделена по Статут од страна на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола преку Плакета, чиј покровител е градоначалникот на Општина Битола, а во негово име наградата ја додели заменик градоначалникот Бојан Бојковски.

Најдобар учесник – ученик на светската детска ликовна колонија за Мируна Иоана Морте – Романија. Ученичката доби и посебно признание од Здружението на занаетчии на Битола – сребрен крст кој е изработен во 1ООО годишен калап.

Доделени се и 12 награди за индивидуален ликовен пристап, како и благодарница на ОО Црвен Крст Битола за соработката со нивните волонтери.

За време на колонијата на која учествуваа 2О делегации од 15 држави од цел свет, а на која што твореа над 8О учесници, со вкупно 120 гости, беа создадени и оставени во трајна сопственост на студиото над 4ОО ликовни дела од 5 колониски дена во Битола и по еден во Охрид и Бигорски Манастир.

Од Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола информираат дека делата од Манастирот Свети Јован Бигорски ќе бидат донирани на Бигорската Обител, додека со КИЦ Битола ќе реализираат заедничка изложба, како последниот колониски ден сите учесници – млади ликовни уметници го сликаа Офицерски дом – Битола.

Делегација на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола по церемонијата на наградување отпатува за Франција каде во Париз и Троа ќе земат учество на 3О јубилејна изложба на УНЕСКО, каде во конкуренција на 75 држави Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола освои 2О признанија – 13 награди како и посебни признанија за студиото и претседателката Елена Хаџи-Антоновска.

 

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте