spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Со подобра туристичка понуда до побрз развој на Крушево

МЛС: Со подобра туристичка понуда до побрз развој на Крушево

Со поддршка од Министерството за локална самоуправа, преку ИПА инструментот за прекугранична соработка, општина Крушево го имплементира проектот „Крушево и Елбасан – признаена туристичка прекугранична дестинација“. Проектот се имплементира заедно со партнерите Алка од македонска страна и општина Елбасан, Албанија, и организацијата „Тјетер Вижн„.

Активностите, од македонска страна, опфаќаат изградба на паркинг во параглајдинг центарот во Крушево, поставување на 2 мерни станици на полетувалиштето за параглајдинг, ЛЕД осветлување на објектите од култура и изградба на патека за „даунхил“, планински велосипедизам. Од страна на општина Крушево и АЛКА  се организираат обуки и настани за градење на капацитетите на угостителскиот сектор.

Проектот е дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија – Република Албанија. Вкупната вредност на проектот е 740 000 евра.

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...