Во Домот на култура “Димитар Влахов” се одржа настан по повод доделување на наградите на учесниците на Еколошкиот конкурс “Денови на пролетта – Денови на екологијата” кој го објавивме на 21 Март – Денот на пролетта, а го завршуваме денес на Денот на животната средина.
Градоначалникот Бобан Стефковски ги поздрави присутните, а на наградените учесници им ги додели признанијата за освоените награди.
Во рамките на овој еколошки конкурс општината избра најеколошка компанија, невладина организација, најубав еколошки двор, најдобар состав и ликовно дело од дечињата од основните училишта и детските градинки.
Градоначалникот Стефковски истакна дека меѓу неговите приоритети се наоѓа и заштитата на животната средина, да ја проучуваме, да ја сакаме и да се грижиме за неа.
Извор: Општина Гази Баба