spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Доделени првите Решенија на граѓани за субвенции на инвертер клими или...

Илинден: Доделени првите Решенија на граѓани за субвенции на инвертер клими или соларни панели

Во просториите на Општина Илинден, Градоначалникот Александар Георгиевски ги додели првите Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели.

Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година. Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел, односно  до максимум 10.000,00 денари по производ.

Грижата и поддршката за граѓаните е секогаш приоритет на Општина Илинден, така што истата ќе продолжи и во наредниот период  со доделување на субвенции.

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...