spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Се одржа Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Илинден: Се одржа Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Во убавиот амбиент на амфитеатарот ,,Галерија на отворено” при Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден, се одржа меѓународниот детски фолклорен фестивал ,,Св. Троица”. Овој фестивал годинава се одржа по деветти пат, но за прв пат во општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од земјава и странство.

Фестивалот започна со прекрасно дефиле каде сите учесници тргнувајќи од пред спортската сала ,,Гоце Делчев” се движеа по главната улица во Илинден се до Домот на култура ,,Илинден”, каде настапија културно уметнучки друштва од соседна Бугарија, Србија, како и неколку ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“ , АНПИ „Илинден“ , ФА „Седенка“  и  ФА „Плетеница“.

На фестивалот меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека Општина Илинден секогаш дава огромна поддршка на културните настани, а одсега па понатаму во агендата на културни случувања во наредните години ќе биде и овој меѓународен детски фолклорен фестивал. Фестивалот има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини,  размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци.

Прочитајте