spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Системот за социјална заштита обезбедува поддршка за бездомните лица

МТСП: Тренчевска – Системот за социјална заштита обезбедува поддршка за бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на научно-стручната расправа за научно-истражувачката студија која ја изготви истражувачки тим во рамки на проектот „Патеки на бездомните лица: пред и за време на бездомништвото“. Научно-стручната расправа е  во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.

„Појавата на бездомништвото во Република Северна Македонија е присутна веќе подолго време. Застапена е во урбаните средини и е карактеристична за популацијата од сите возрасни и етнички заедници, како што покажува и вашето научно истражување поврзано со бездомништвото. Без оглед на причините кои ги довеле до состојба да немаат дом, за сите нив заедничко е тоа што немаат услови за адекватно и соодветно домување, немаат сопствени извори  на приходи, со кои би си овозможиле минимум егзистенција, делумно или целосно ги имаат прекинато врските со семејната и социјалната средина и живеејќи како бездомници, изложени се на бројни ризици по сопственото здравје и живот “ истакна Тренчевска во своето обраќање.

Министерката рече дека бездомништвото е комплексен проблем кој бара пристап од повеќе аспекти. Таа посочи дека останува потребата од поголема вклученост и координација на сите сектори во насока на надминување на проблемите со кои се соочува оваа категорија на лица.

„Системот на социјалната заштита обезбедува поддршка за бездомните лица преку обезбедување на потребната документација за остварување на парични права од социјална заштита, како и привремено сместување во Центар за бездомни лица, меѓутоа секако дека тие мерки не се доволни за излегување во пресрет на проблемите со кои се соочуваат бездомните лица“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека и проактивноста на општините е од особена важност затоа што на тој начин социјалните услуги можат да се доближат до граѓаните на локално ниво.

Министерката се осврна и на социјалните претпријатија и истакна дека министерството е во процес на изготвување на Закон за социјалните  претпријатија, во кој учество имаат сите релевантни институции и граѓански сектор таа посочи дека во овој предлог закон се препознаваат и социјални претпријатија за социјална реинтеграција и работно ангажирање.

„Преку Законот за социјални претпријатија ќе се започне со активности насочени кон подобрување  или стекнување на нови квалификации, компетенции, знаења и вештини на лицата во ризик од социјална исклученост, преку обука и  работа, со цел  полесен пристап до пазарот на труд, работејќи на полето на социјално работно ангажирање и социјални претпријатија за работна интеграција чија примарна цел е со вклучување во работен процес да ги интегрираат лицата  во ризик од социјална исклученост на пазарот на трудот“ дополни Тренчевска.

Министерката на крајот од своето обраќање истакна дека заложбите за унапредување на животот на лицата бездомници и понатаму продолжува.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Македонската Спортска Стрелачка Федерација ќе функционира во рамки на спортската...

0
Во амфитеатарот на Универзитетот Скопје, советниците од Општина Карпош ја одржаа 57-мата седница каде расправаа и полноправно одлучуваа по 17 точки кои се најдоа...