spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Стартува Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи...

Центар: Герасимовски – Стартува Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните”

Општина Центар го распиша јавниот повик за проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните” со кој 90 пензионирани граѓани од Општина Центар добиваат помош и поддршка при извршувањето на домашните работи, од страна на стручни и обучени лица. Ефектите и придобивките од овој проект, кој Општина Центар го реализира во соработка со невладината организација „Хуманост“, се видливи и тоа најмногу го чувствуваат корисниците на услугите. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски смета дека овој проект е најзначајниот за пензионираните граѓани на Центар.

„Преку овој проект им помагаме на нашите повозрасни сограѓани полесно да се справат со секојдневните домашни обврски. Со помошта на стручните лица физиотерапевти, психолози и негуватели на нашите баби и дедовци им обезбедуваме подобри пензионерски денови и полесна старост “, смета градоначалникот Герасимовски.

Апликациите за проектот заинтересираните граѓани може да ги доставуваат почнувајќи од 12.06.2023 година (понеделник) па се до 20.06.2023 година (вторник). Реализацијата на Проектот ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на Општината.

Критериумите кои треба да ги исполнуваат граѓаните за да станат корисници на проектот се:

– Да се жители на Општина Центар-Скопје;

– Да се на возраст над 62 години;

– Да се корисници на пензија или на социјална помош;

– Висината на пензијата или социјалната помош не смее да надминува 30.000,00 денари месечно;

– Корисникот на субвенцијата може да биде само еден (1) член од една семејна заедница (исклучок од ова може да биде само доколку се приложи извештај за специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второто лице).

Општина Центар ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да пополнат Барање во Архивата на Општина Центар-Скопје.

Заедно со Барањето во Архивата треба да се поднесе:

– Фотокопија од лична карта;

– Фотокопија од потврда за примена пензија од претходниот месец или потврда издадена од надлежна институција дека лицето е корисник на социјална помош;

– Фотокопија од медицинска документација за здравствената состојба, не постара од една (1) година.

Општина Центар напоменува дека услугата за старите лица е бесплатна и истата опфаќа домашна посета од два до три пати неделно од страна на стручните лица согласно индивидуалните потреби на корисниците.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...