Во организација на Светската карате федерација, со учество на над 400 натпреварувачи од 17 држави се одржаа 29-ти медитерански игри во карате, чиј домаќин беше Тунис.
Македонската репрезентација настапи со 25 каратисти во категорија на кадети, јунири и сениори во борби и кати и освои вкупно четири медали и тоа Данка Стојкова златен медал, Андреј Басаров и Бесарт Мемети – сребрени медали како и Или Билјали кој освои бронзен медал.
Успешните остварувања на нашите каратисти беше причина за организирање на прием во Агенцијата за млади и спорт, на кој директортот Наумче Мојсовски им додели плакети на медалистите, а истовремено дискутираше со селекторите за настапот на медитеранските игри, но и за наредното најголемо случување во карате спортот- СП во Будимпешта закажано за Октомври.
Извор: Агенција за млади и спорт