spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје потпиша договор за партнерство со училиште...

Карпош: ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје потпиша договор за партнерство со училиште од Дуисбург

ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје потпиша договор за партнерство со Gesamtschule Duisburg-Mitte, Дуисбург.

Договорот за партнерство меѓу училиштата се реализираше на онлајн средба помеѓу директорките на училиштето Викторија Кочевска и Михаела Герлах Цимерман, како и наставниците по германски јазик од двете училишта.

Со договорот за партнерство учењето на германски јазик ќе биде попродлабочено на следниот начин преку:

  • Редовни посети на ученици како и наставници на партнерското училиште, со што ќе се направи увидување на училишниот систем, јазикот и секојдневието;
  • Учество на заеднички проекти, со физичко присуство и он лајн;
  • Проширување на свеста за културата на другиот и да го развијат разбирањето за луѓето од другата земја. При изразена желба или потреба и подобри услови може да се прошири размената и до една година;
  • Евалуација на активностите во рамките на училишното партнерство и на тој начин да се утврди актуелната состојба на соработката.

Воедно, ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје е едно од четирите основни училишта на територијата на Македонија кое е партнер училиште со Владата на Република Германија. Линк за оваа соработка е Гете институтот, а учениците ги уживаат бенефициите преку учество на работилници, јазични курсеви, стипендии како и донации од книги и материјали.

ООУ „Владо Тасевски“ е едно од малкуте училишта во Македонија кои имаат училиште – партнер од СР Германија и прво што потпиша партнерски договор со училиште од покраината Северна Рајна Вестфалија.

https://gesamtschule-duisburg-mitte-de.jimdofree.com/.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте