Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува потрошувачите дека на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, он лајн се нуди и се продава производ Trex tea, чај за слабеење, за кој АХВ нема издадено Мислење за пуштање во промет како додаток на исхраната и нема одобрено здравствени тврдења за рекламирање и презентирање во комерцијални цели, со што потрошувачите се доведуваат во заблуда.
АХВ не е во можност да изврши превентивни контроли со цел потврдување на усогласеност со законските барања од областа на безбедноста на храната поврзани со квалитетот и безбедноста на Trex tea, чај за слабеење при увоз во Република Северна Македонија, ниту пак кај продавачите на производот, бидејќи истите не се регистрирани оператори со храна и се непознати.
Ги предупредуваме потрошувачите дека производот Trex tea, чај за слабеење кој се продава он лајн на наведените линкови е небезбеден, нерегистриран со неодобрени здравствени тврдења од Агенцијата за храна и ветеринарство и може да биде штетен по нивното здравје. Консумацијата на чајот е на одговорност на потрошувачите.
Линкови на кои се нуди и продава посочениот чај:
- https://www.facebook.com/people/Trex-Tea-Makedonija/100083215996616/
- https://www.facebook.com/groups/market365mk/posts/6027670793923079/
- https://www.facebook.com/people/Trex-tea-Mkd/100086457848230/
- https://www.facebook.com/100343912743624/posts/trex-tea-caj-za-slabeenje-zaboravete-na-site-metodi-za-slabeenje-koi-ste-gi-prob/100355652742450/
- https://biofarm.mk/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0/ols/products/xn--aj-trex-tea—1690den-9rc
- https://www.instagram.com/trextea.mk_/
- https://www.instagram.com/trextea_oficialmk/
- https://www.beautynailhairsalons.com/MK/Skopje/1660507954215327/Slim-LIne-proizvodi-za-slabeenje