spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2023 година

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во април 2023 година, во однос на април 2022 година, изнесува 114.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28.1 %), Административни и помошни услужни
дејности (21.7 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.8 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.7 %), Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација (13.2 %) и Административни и помошни услужни дејности (12.5 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2023 година, изнесува 36 134 денари.

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk.

 

 

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...