Во рамки на обезбедување на квалитетни и ефикасни комунални услуги, општина Илинден континуирано работи на опремување и модернизирање на јавните општински претпријатија. За таа цел набавена е нова специјална градежна машина-ровокопач.
На денешната промоција на новата градежна машина присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој го разгледа возилото и истакна дека врвен приоритет во локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на комуналните услуги за граѓаните, а со набавката на оваа машина како и претходно навабените возила, ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие и ќе се обновува стариот и дотраен возен парк.
ЈКП “Илинден” е ангажирано за собирање, изнесување и депонирање на комунален отпад од населението и индустријата, одржување на јавната чистота, чистење на јавни површини, уредување на паркови, зеленило, парк-шуми, садење на ниска и висока вегетација, уредување и одржување на улици, сообраќајници и пешачки патеки, одржување на јавно осветлување, стопанисување со спортските објекти на територијата на општина Илинден, како и оџачарски услуги и управување и одржување на гробишта.
Извор: Општина Илинден