Општина Илинден во изминатиот период интензивно работи на изградба и реконструкција на паркови и детски игралишта, со цел уредување на одредени делови во населените места на нејзина територија.
Денеска беше пуштен во употреба новоизградениот парк во населеното место Дељадровци. Паркот се простира на површина од над 600 м2, хортикултурно уреден, со пешачка патека, поставено е осветлување, урбана опрема, нови клупи, корпи за отпадоци, како и озеленување на просторот.
Паркот денеска го посети и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека и во иднина Општина Илинден ќе посветува внимание на зеленилото и ќе се зголемува парковската површина со цел да се добие убаво уреден простор како и место за дружба и рекреација на жителите од сите населени места. Овој дел во Дељадровци долго време беше запоставен, но со изградбата на паркот доби сосема нов лик.
Извор: Општина Илинден