Летни олимписки игри на Специјалната олимпијада кои се одржуваат во Берлин, Агрон Хајредини и Јулијана Петровска се закитија со злато и сребро на најголемиот спортски собир за лица спортисти со интелектуална попреченост.
Агрон и Јулијана под водство на тренерот Ифраим Љута го освоија првото во машка и второто место во женска категорија во атлетската дисциплина “Скок во далечина од место”.
На испраќањето во Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport си посакавме успех и ветивме многу насмевки , а неколку дена подоцна сме горди на постигнатиот успех на Агрон и Јулијана и со нетрпение го очекуваме настапот на целиот македонски тим атлети.
Агенцијата за млади и спорт им честита и им благодари на сите учесници , тренери и организатори кои го предводат македонскиот тим во Берлин.
Посакуваме уште успеси, иако самото ваше присуство и настап на ЛОИ е веќе огромен успех.
Ви благодариме што ја претставувате Македонија!
Извор: Агенција за млади и спорт