Одбележан денот по повод на 10 години постоење на Сојузот за младинска работа, кој е клучен партнер на Агенцијата за млади и спорт во низа на процеси во изминатиот период за признавање на младинската работа и младинските работници, ова се луѓето и тимот во кој треба да се инвестира и на кој треба да им се овозможи подобар статус, односно да им се признае статусот на младински работник.
Агенцијата за млади и спорт ја поддржува секоја иницијатива, секој проект , секоја заложба во оваа насока што ја унапредува позицијата и дава нови перспективи. Досега успеавме со помош на вас, младинските организации да воспоставиме Стандарди за работник со млади, како и да дефинираме што е тоа младински работник во Законот за младинско учество и младински политики и во низа други стратешки документи. Низ инклузивен процес го донесовме Правилникот за стандарди за квалитет на младинските центри, Портфолиото за младински работници, Етичкиот кодекс за младински работници, финансиски поддржавме и обука на две генерации на работници со млади, но стратешка цел и приоритет за оваа година на Агенцијата за млади и спорт е да оваа проблематика се регулира и со посебно законско решение. Во нашата намера и заложба се разбира дека очекуваме огромна поддршка и директна вклученост од самите младински работници и од младинските организации, посебно од оние кој работат на оваа проблематика.
Младинската работа во последните години добива засилено признавање и препознавање, но младинските работници им е потребна поголема поддршка. Иако со донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики во 2020-та година, младинската работа во РСМ за прв пат беше дефинирана во законски акт, а младинската работа е и формално препознаена како занимање преку усвоениот стандард на занимање за Работник со млади од 2018 година, Законско решение за регулирање на оваа проблематика, за што се обврзавме и пред Европската комисија, а и во согласно со препораките во рамки на Бон процесот и Европската стратегија за млади.
Младинската работа главно се спроведува од страна на младински организации и организации за млади, како и од малиот број на младински центри, на локално ниво кои досега се основани во само 7 општини. Остануваме силно посветени да поддржиме и да мотивираме да стигнеме до бројката до крајот на годината од најмалку 10 отворени младински центри.
И покрај постигнатото досега се надевамњ дека заеднички ќе успееме да ги оствариме и дефинираните стратешки цели во оваа приоритетна област, но не само дефинираното но и повеќе од тоа.
Извор: Агенција за млади и спорт